| КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ |
| |
Местоположба
Основниот суд во Кочани се наоѓа во центарот на градот Кочани, на ул. “Никола Карев” 4. Судот е сместен во трокатна станбена зграда, со современ архитектонски изглед.
Во нејзина непосредна близина се лоцирани повеќе адвокатски канцеларии. |

Мапа со локација на судот: ТУКА |
| |
| Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основниот Суд Кочани ја изготви следната
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Основниот Суд Кочани ја сочинуваат следните групи на информации:
| 1 |
Општи информации за судот |
3 |
Судска Власт |
| 2 |
Судска пракса |
4 |
Контакт информации |
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основниот Суд Кочани со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Основниот Суд Кочани или да го симнат тука:
Барање за пристап до информации од јавен карактер
Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Основен Суд Кочани, ул. Никола Карев, бр. 4 или на e-mail: kate.fudulski@yahoo.com, како и на факс бр.033/272-352.
Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 033/274-026,лок.123.
Основниот Суд Кочани согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: Катерина Фудулски,судски соработник. |
| |
Доколку имате некое прашање или ви е потребна соодветна информација, можете да ја искористите контакт формата прикажана подолу.
На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок. Ви благодариме. |
| |
|
| |