Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
ОСНОВЕН СУД КОЧАНИ - НАДЛЕЖНОСТИ

Основниот суд во Кочани е првостепен суд со месна надлежност над општините Кочани, Зрновци и чешиново - Облешево и со проширена надлежност за предмети од подрачјата на Основните судови на Берово Делчево и Виница:

1. во прв степен по кривичните дела и прекршоци, и тоа:
- за кривичните дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведува истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
- за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои созакон се ставени во надлежност на орган на државна управаили организација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и пригивори за постапките за кои се надлежни овие судови
2. во прв степен по граѓанските спорови, и тоа:
- за спорови во имотно-правните и други граѓанско правни односи на физички и правни лица, чија вредност е 15.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство и мајчинство, утврдување на постоење на брак, поништување на брак и развод на брак,
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во денарска противвредност,
- за постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- за спорови од наследно-правни односи,
- во вонпарнични о оставински работи,
- да водат тапии и
- за други работи утврдени со закон,

Како основен суд со проширена надлежност надлежен е да одлучува и тоа:
1. по кривичните дела, и тоа:
- за оние за кои со закон е предвидена казна затвор над пет години и за кривични дела и прекршици извршени од малолетни лица,
- да постапува по предмети за екстрадиција,
- по жалби и приговори за постапките за кои е надлежен и
- да решава за постапки за меѓународна правна помош утврдена со закон.

2. по граѓанските спорови, и тоа:
- за спорови од имотно-правните и други граѓанско правни односи на физички и правни лица, чија вредност е над 15.000 евра во денараска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- во трговски спорови во кои двете странки се правни лица или државни органи, како и спорови од авторски и други сродни права и права од индустриска сопственост,
- водат судски регистар за политички партии,
- во постапка за стечај и ликвидација,
- во спорови за утврдување и обезбедување за присилно извршување и
- за спорови на домашни правни и странски лица кои произлегуваат од нивните меѓусебни стопански односно трговски односи.
  • Историјат
  • Внатрешна Организација
  • Годишни Извештаи
Историјат
Судовите во Република Македонија меѓу кои и Околискиот суд Кочани се основани со Повелба на Презедиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 година.

Прв претседател на Народниот Околиски Суд Кочани бил Коце Димитров.

Судот првовремено почнал да работи во зградата на Ристо Николов Ристов (Циганчето) од Кочани која и до ден денес постои и се наога до пазарот во центарот на градот, тоа била помала зграда која со своите просторни капацитети и услови не ги задоволувала потребите на судот.

Со донесувањето на сојузниот и републичкиот Устав во 1963 година, Околинскот суд во Кочани е преименуван во Општински суд Кочани, со седиште во Кочани.

Во 1964 е пуштена во употреба новата (сегашната) судска зграда. Во оваа зграда се сместени и Основното Јавно Обвинителство и Јавното Правобранителство за Кочани. Зградата во тој период согласно на населеноста на општината и надлежноста на судот била доволна за ефикасно функционирање на судот што не е случај и денес.

По осамостојувањето на Република Македонија и по формирањето на независна и самостојна држава, донесен е нов закон за уредување на судовите со назив Закон за судови Sлужбен весник бр.36/95 на Р.Македонија од 27.07.1995 и исправка на овој закон од 27.09.1995 објавена во Sлужбен весник бр.45/95. Со овој закон Општинскиот суд во Кочани и Општинскиот суд за прекршоци се споени и е основан Основен суд Кочани.

Карактеристична постапка за овој суд e постапката Моне Андоновски од Виница извршител на трикратно убиство во Основниот суд во Виница по што му беше изречена казна затвор во траење од 20 години.

Судот во 2003 ја почна соработката со Проектот за модернизација на судството во Македонија од која, имаше одлични резултати на повеке полиња меѓу кои управување со движењето на предметите, намалување на застојот и заостатокот кај парничните предмети, унапредување на просторните капацитети, тренинг и обука..., сите успешни програми чии бенифиции Основниот суд Кочани ги чуствува во континуитет.

Досегашни претседатели на Основниот Суд Кочани биле: Коце Димитров, судија Андреја Весов, судија Марко Велков, судија Божидар Магдевски, судија Симеон Двојаков, судија Јане Велинјски, судија Глигор Едровски, судија Раде Филипов, судија Зоран Трајанов, судија Никола Михаилов, судија Зоран Трајанов, судија Никола Михаилов.
Структура на судска зграда

Приземје
На приземјето се сместени писарниците (граганските, прекршочно, кривичните одделениja) судската полицијата, судските кабинети на прекршочните судии и канцелариите на Јавното Правобранителство.

I кат
На првиот кат се сместени судски кабинети, кабинет на стручните соработници, судниците I,II,III и канцелариите на Јавното Обвинителство.

II кат

На вториот кат се сместени кабинетот на Претседателот на судот, судските кабинети, кабинетот на благајната и сметководството, и дактилографи.